Карневалска магија во Куратица
Курајчани бараат нивниот Василичарски карневал, да биде дел од карневалската мапа на Министерството за култура. Синоќа маскираните курјчани, мажи, жени, деца ја продолжија 5 вековната возобновена традиција. Приредија спектакуларен театар на отворено, добро организиран со еден збор културен настан кој ќе се памети и цела година ќе се прикажува до наредното издание.
Курајчкиот Василичарски карнивал, вистинска атракција под отворено небо. Курајчани синоќа во една беспрекорна организација ги открија маски кои до синоќа ги чуваа во тајност. Празничната атмосфера беше надополнета и со зимскиот амбиент, студено време и снег, кој не ги спречи бројните гости но и мешатани да излезат во голем број и да видат што се случува на средсело во Куратица. Шаренило од маски меѓу кои се најдоа и претставувањето на курајчкиот етно живот, актуелниот пратеник Амди Бајрам но и екс премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски. Сите тие имаа своја порака.
„Традиционална храна, вино, ракија, облека, жени итн. „Овде имаме домашно козјо сирење,свинско месо, домашен комад, салата, зелка и краставици и црвеното црвено и бело вино и топла ракија.
„Докажавме што и како се случува…и ето не заробија амам и парите останаа во нас, зајко ќе јаде моркови и така се ќе биди со тек на време…Груевски повторно ќе дојде на власт.
„Прв пат присуствувам на овој фестивал во Куратица и драго ми е и понатака да продолжиме со вакви традиции, да се врати во селото живот народот да биде поблизок и да бидеме понапредни, Македонија да оди напред“ – велат маскираните курајчани.
Директно од карневалот во Мокриево, струмичко, веќе загреани дојдоа „Прочкарите“ од Прилеп, со нивната маска Астерикс и Обеликс, кои изведоа и перформанс. Во Куратица се чуствувале како дома бидејќи 6 години наназад доаѓале тука .
„Тука Куратица, е една од нашите најомилени дестинации досега каде што сме учествувале. Инаку со оваа маска имаме учествувано и на меѓународни фестивали, не само тука“.
„Маските ги симболизираме по традицијата..ние не сме политичари засега не сме имале таква маска и не планираме да имаме“
Главниот виновник за организација на карневалот беше маската на Аладин или кметот на Куратица, кој речиси и да немаше човек на кој не му исполни по некоја желба.
„Како што повеќе пати имаме кажано еве самите можете да видите на лице место дека Куратица живее за овој карневал и вистина докажавме на јубилејното 20 то издание дека живееме за Куратица не само за карневалот туку и за останатите празници. Тука сме да се забавуваме и ја воскреснавме нашата 5 вековна традиција од селото која ја наследивме од нашите прадедовци“.
Ангелоски искрено се надева дека до година и Централната власт финансиски ќе го поддржи карневалот во Куратица, бидејќи овој настан кој годинавга дирекно можеа да го следат и нашите иселеници во странство преку лајф стим интернет, навистина го заслужува тоа. На карневалот присутен беше и Итар Пејо од Приеп кој беше задолжен како водител на програмата а за музичкиот дел ангажирана беше скопската група Екстра Бенд. Првата награда ја поделија две маски „Етно живот“ и „Астерикс и Обеликс“, втората маската „Македонски патриоти – најголеми лопови и третата“, „Вдовиците од мртовечкото сокаче“.