Вредна донација за охридската градинка
Со вредна донација на Ротари клуб Охрид, беше овозможено да се обнови осветлувањето во централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ротаријанците 2018 година ја посветуваат на децата во градинките.
Централниот објект на охридската градинка „Јасна Ристеска“, стана ененргетски ефикасен. Состојбата во објектите на детската градинка не е добра, процениле од Ротари Клубот Охрид, па затоа решиле оваа ротаријанска година која трае до јуни месец годинава да ја посветат на подобрување на условите за нашите најмали, како и на ревитализација на клановите функционираат во рамки на градинката. Претседателот Сандре Трпоски, открива дека досега клубот вложил 170 000 денари во делот на елекричната инсталација за градинките.
„Ние тука променивме 687 светилки променивме расветни тела и што е најважно направивме едно мерење за безбедност на децата и направивме една многу важна акција 100 % безбедна инсталација, бидејќи имаше многу аномалии во инсталацијата и сега градинката во целост е безбедна“ – вели Трпоски.
Директорката на градинката Мери Рилкоска, изрази голема благодарност за донацијата на Ротари клубот, потенцирајќи дека новата електричнаинсталација и осветлување ќе придонесе во голема мера да се подобрат условите за престој и работа со децата.
„Реконструкција е направена речиси во сите објекти од градинката но можеби имаме проблем со греењето во еден објект со котларата. Се надевам дека и со други донации со луѓе кои мислат на дечињата дека за брзо време ќе го постигнеме и тоа“.
Во централниот објект на детската градинка присуствуваа и членовите на збратимениот Ротари клуб Пиран од Словенија, кои деновиве престојуваат во нашиот град како гости на годишната конвенција на Ротари клубот Охрид.
„Овие денови многу сум задоволен од она што ми го покажа претседателот, како се работи тука и охридскиот Клуб иако е помлад, ние сме присутни полни 25 годинии, многу имаат направено, секоја чест за нив многу направиле и горди сме на нив“.
Од Ротари клубот Охрид најавуваат дека во план биле на уште два објекти од детската градинка Јасна Ристеска, да ја обноват електричната инсталација со што ќе се гарантира побезбеден престој на нашите најмлади од предучилишна возраст.