Skip to main content

Вакцинации задолжително!

Во Струга се одбележува „Европската недела на Имунизација“.

 |  Билјана Колоска  | 
vakcinacija
вакцинација
Вакцината е неопходна за да се зајакне човечкиот имунитет. Со тоа не само што ги заштиуваме децата од заразни болести туку и превентивно им делуваме за да се спречат  разни заболувања, порачуваат стручните лица.  Само со редовна и потполна вакцинација се обезбедува сигурна заштита, вели  д-р Лилјана Дурацоска од оделението за вакцинации при ЈЗУ Здравствен дом Струга во Струга.

Вакцинирањето е задолжително, законски регулирано и се спроведува според календарот на имунизација во нашата држава. Децата кои треба да примаат вакцина, вообичаено доаѓаат по претходна покана од страна на  „Здравствен Дом“ од Струга. Родителите ги почитуваат правилата.

vakciniВо нашата држава со календарот на имунизација опфатени се  95 % од децата.  Во Струга и регионот пак, вакцинирани се над 99 % од децата. И покрај тоа, вниманието и понатаму ни е насочено на тоа да не пропуштиме некој случај  кој треба да се вакцинира, вели директорката на „Здравствен Дом“. Затоа оваа здравствена установа по повод „Европската недела на Имунизација“ организира многу активности. По досегашната пракса, ангажманите на „Здравствениот Дом“ имаат големи ефекти во откривање на невакцинираните деца, вели првиот човек на институцијата.

„Претходната година, откривме многу роми кои не беа пријавени за вакцина, ваквите активности  имаат големо влијание на тоа“-вели Вера Попоска, директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“.

Во периодот од 20.04 до 26.04 колку што трае неделата на имунизација, се оджуваат бројни активности. За да се ослободат децата од фобијата за вакцинирање, во градинките и училиштата ќе се одржуваат предавања на оваа тема. Стручни лица ќе  укажуваат на важноста и  неопходноста од вакцинирање. За откривање на невакцинирани деца и социјална мобилизација, Попоска, кажува дека за тоа ќе бидат ангажирани претставници од

„Заводот за Здравствена Заштита“, Локлната самоуправа како и  невладината организација “Езерка„ од Струга.

 

{loadposition content9}