Skip to main content

Србите денеска го слават празникот Св Сава

Србите денеска го слават празникот Св Сава. Достојна почит на овој светец му оддадоа членовите на српското здружение „Коштана“ од Охрид. Св.Сава е светец кој има посебно значење во животот на Србите, вели претседателот на Коштана Среќко Стојановиќ.

 |  Николоска Биљана  | 

Со сечење на славската погача, пченица и молитва, денес традиционално припадниците на српската заедница го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Ова е еден од најголемите празници кој го прославуваат србите каде и да се, вели претседателот на српското здружение „Коштана“, Среќко Стојановиќ.

„Ние се собираме тука во организација на нашето друштво, сите Срби учествуваме во организацијата, а сите останати ни се гости на славата. Традиционално како што е православието кршиме колач, пченица, а на масата се` што дал господ“

Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат овој ден, вели Стојановиќ. Тој упати честитка до сите Срби кои го слават Св.Сава и кажа кое е значењето и празнувањето на овој ден.

Ние како српско здружение во Македонија постоиме од осамостојување на Македонија, но Св.Сава го славиме традиционално по 11 пат како слава на нашето здружение во Охрид. Меѓутоа Св.Сава за нас србите е голем светец затоа што тој е првиот српски архиепископ и тоа што има толкава тежина е тоа што тој во Србија се слави како денот на образование и тој српски претстолонаследник се откажува од престолот и сиот свој имот го вложува во црква за образование и напредок на Србија“

Вредните домаќинки и годинава учествуваа во надополнувањето на богатата трпеза со своите специјалитети. На прославата присуствуваа голем број граѓани од српската заедница во Р. Македонија. Годинава, за прв пат на оваа прослава со своето присуство ги удостоил и охридскиот градоначалник, како што нагласи претседателот на Коштана, а присутни беа и охридските пратеници од СДСМ и останати гости од јавниот живот на Охрид.