Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино
Со парите в раце фатен е разбојникот кој ограби 5 филијали на банки и едно казино. Од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево вчера е уапсен 34 годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Тој доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништва во Охрид, Струга и Кичево.
Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казина во Охрид, Струга и Кичево. Сторител на кражбите е триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада, кој вчера бил уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно извршил грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“, како што информираат од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски кажа дека денес против него била поднесена кривична пријава поради сторено казнено дело разбојништво.
„Кај него се пронајдени пари ставени во најлон кеса претходоно одземени од банката, исто така пронајдени се наочари, нараквици, капа и еден пиштол. Сите овие предмети се одземени и предадени на вештачење во МВР. Инаку со извршувањето на сите овие казнени дела разбојништво вкупно 6, пријавениот односно приведениот се стекнал со противправна имотна корист од 1 200 000 денари“.
Осомничениот досега воопшто не бил евидентиран и не и е познато на службата како сторител на вакви и слични казнени дела, пренесува Димоски, додавајќи дека СВР Охрид на овој случај ќе работи посебно.
„Веднаш после извршените казнени дела разбојништво во банките во Охрид, Струга и Кичево СВР Охрид оформи посебни операт6ивни тимови кои што имаат задача за исклчиво да работат на реализација на овие казнени дела и всушност и вчерашната акција беше резултата на добрата координација на оперативните работници на СВР Охрид со останатите полициски станици“.
Покрај вчерашниот грабеж, Ч.Д. се товари и за три разбојништва во Струга, едно во Охрид и две во Кичево. Двете кражби во Кичево ги извршил во експозитурата на „Шпаркасе банка“ на 12 декември и вчера, а на 25 ноември и 6 декември лани извршил две кражби во „ТТК“ банка во Струга и едно во казиното „Астра“ на 5 декември. Во Охрид извршил разбојништво во „Силк Роуд“ банка на 30 ноември лани.