Ново адреналинско доживување во Охрид
По четврти пат во Охрид се одржа роад тура на која учествуваа над 200 љубители на адреналинските авантури. Турата е организирана од OffRoad клубот од Охрид кој станува се посериозен клуб со голем број членови од градов и околината.
Ново адреналинско доживување во Охрид. Викендов успешно беше реализирана зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид. Седумдесетина џипови од цела Македонија и двесте учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид. Турата била доста тешка поради временските услови кои постојано се менувале. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта. Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат учесниците кои ги споделија нивните искуства од оваа тура.
Денешната рута помина прекрасно, се забавувавме супер, иако имаше доста кал и снег се помина во најдобар ред и вакви собири треба да има почесто.
Се движевме по недефинирани патишта, низ снег низ кал од Кичево преку дебрца, Куратица и стигнавме во Охрид.
Прв пат сме годинава голема благодарнст до претседателот на клубот во Охрид. Преубаво поминавме, преубаво беше организирано.
OffRoad клубот од Охрид се потруди тешките места да се исчистат и да се обезбеди влечна служба за заглавените возила, за на крај сите возила да ја завршат турата. Признанието за најопремен џип NISAN PATROL го доби Цане Кузмановски член на OffRoad клубот Пелистер од Битола. Адреналинската авантура заврши со заедничка дружба на учесниците.