Skip to main content

Александар Петрески го кани премиерот во Охрид

Градоначалникот Петрески  денеска преку допис го покани Премирот во Охрид да разговараат за проекти кои би биле во интерес на сите.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Пetreski
Александар Петрески
Градоначалникот Петрески  денеска преку допис го покани Премирот во Охрид да разговараат за проекти кои би биле во интерес на сите.

Тој вели, овој град и неговите неисцрпни можности за инвестиции можат најмногу  да придонесат во Македонија.

„Во Охрид, може да има најмногу странски инвестиции кои би придонесла светската криза скоро да не се почувствува во државава“, вели Петрески.

За одлуката на владата да ги замрзне сите инвестиции на поголеми проекти поради светската економска криза, Петрески со коментар

Aleksandar Petreski„Кризата постоеше и пред изборите кога владата ги најавуваше капиталните инвестиции.  Јас сметам дека интензитетот на работитет ќе се намали, но не  верувам дека  проектите ќе се стопираат“.  

Градоначалникот на Охрид е оптимист и за најавите за отворање на универзитет во Охрид.

„Очекувам владата да ги исполни своите ветувања по однос на ова прашање, но се надевам дека ќе го прифатат ставот дека погрешиле во изборот на локацијата“, вели Петрески.   

Се надевем дека сега откако завршија изборите ќе имаме соработка со централната власт, рече градоначлникот Александар Петрески.

 

{loadposition content9}