Концерт на Каролина Гочева на 9-ти март во Охрид
Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо
Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.
– Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.
Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот. Билетите се продаваат по цена од 500, 600 и 1.000 денари (VIP) во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и Струга.
Дополнителни информации и резервации на билети и VIP маса на телефонот: 076/440-334.


