Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви
Продолжува традицијата на дарување 8 мартовски Охридски бисер од Филеви. На годинешното јубилејно дарување бисер најсреќна беше софијанката Цветка. Настанот се организира на различни локации за туристичко афирмирање на Охрид, а годинава изборот падна на Билјанини извори.
8 мартовското дарување Охридски бисер од Филеви за туристите кои доѓаат во Охрид се одржа на Билјанини извори. Цветка Манева Трајанска од Софија беше среќната добитничка на овој јубилеен подарок од фамилјата Филеви. За туристите по пово Денот на жената се организира незборавен настан на кој најсреќните добиваат подарок од познатото семејсто Филеви. Бугарската туристка не го криеше задоволството од добиениот несекојдневен и скап подарок.
„Ова е за прв пат да добијам ваков подарок .Пријатно сум изненадена со овој гест. До сега не сум имала ваков подарок на овие години. Благодарност од се срце на Филеви и туристиката агенција. Посакувам и другите да имаат ваква среќа “, кажа Цветка Манева Трајанска.
Приказната со подарување на Охридски бисер од Филеви по повод 8 -ми март е јубилејна. Една деценија на различни туристички локации во градот и околината семејството Филеви се приредува пријатно изнедување за туристите кои доаѓаат празничните денови да ги поминат во Охрид.
„Денес имаа чест да бидат тука посетителки од Бугарија. Туристката од Софија беше најсреќна добитничка на која Билјана платно белеше, ја поврзуваме легендата со охридскиот бисер, лично и го предаде Охридскиот бисер. Со ова озможуваме да имаат позитивен сигнал туристите кои не посетуваат да имаат спомен на овој ден да зборуваат и кажуваат во духот на срдечноста, гостопримството и љубезноста која ја правиме од срце за да имаат убав впечаток за Охрид и Македонија, и почесто да не посетуваат “, вели Филев.
Во овие 10 години многу туристки од Балканските земји преку различни атрактивни настани на повеќе локации добиваат подарок преку кој се афирмира Охридскиот бисер и градот. Оваа охридска приказна има позитивен одек меѓу туристите, напоменува туристичкиот водич Љупчо Јузмески.
„Македонската традиција е позната на Балканот. Ние денес направивме сензација со промена на локацијата и лично Билјана да го подари бисерот од познатата традиција на Филеви и Талеви.Традицијата продолжува“, вели Јузмески.
За афирмација на туристичките потенцијали и креирање на позитивна слика за Охрид се повикуваат да се вклучат и останатите субејкти од туризмот со свои слични активности, порачуваат туриститичките работници.