СЕ РАСЧИСТУВА КЕЈОТ ОД ОТПАД И ТРСКА
Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови
Екипи на„ Охридски Комуналец“ од рано утрово интензивно работат на расчистување на езерскиот кеј од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.






