Skip to main content

Стружани „ЗА“ веронаука

Во знак на револт поради одлуката на Уставен Суд, денес се протестираше и во Струга.

 |  Билјана Колоска  | 
парола
parola
Во знак на револт поради одлуката на Уставен Суд, денес се протестираше и во Струга.

„Народот сака веронаука“, „Верата нема да ја укинат, верата ќе остане“, „Право на верба во бога“.Со овие пароли, денес група граѓани го искажаа своето незадоволство поради одлуката на Уставниот Суд, да се укине предметот веронаука.  

„Денес се собравме во мултиетничка Струга, да дадеме подршка на 15 илјади деца кои имаат право на избор, и тоа право им беше насилно укинато. Во замја каде повеќе од 60% има православно население во никој случај не е правилно да се укине  веронауката“, велат родителите чии деца го изучуваа овој предмет.

„Предметот не се задолжителн, која сака го изучува. Децата кои сакаа да учат за бог конечно ја имаа таа можност, но мал процент на луѓе им го скратија и тоа право“-вели родителот Билјана Санџакоска.

protestНерегуларната одлука  која беше донесена од страна на Уставниот Суд е со цел да се наштети на целиот образовен систем и да остави траги кои ќе се рефлектираат и во иднина, велат вероучителите.

На мирниот протест поради одлуката за укинување на веронауката како изборен предмет, покрај родителите и вероучителите се приклучија и свештени лица, ученици, многу невладини организации како и граѓани на Струга.

 

{loadposition content9}