Двата лански финалисти во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Јувентус, овој пат ќе се сретнат во четвртфиналето на најелитното фудбалско натпреварување, откако денешната ждрепка сакаше да ги спои овие два великани во битката за место меѓу најдобрите четири.
Двојки во четвртфиналето се:
Барселона – Рома
Севилја – Баерн Минхен
Јувентус – Реал Мадрид
Ливерпул – Манчестер сити
Првите мечеви се играат на 3 и 4 април, а реваншите на 10 и 11 април. Ждрепката за полуфиналињата е на 13 април, а последната елиминациска рунда пред финалето се игра на 24 и 25 април односно реваншите на 1 и 2 мај. Финалето ќе се одигра на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев.
Осум екипи од осум различни држави се најдоа на ждрепката во битка за вториот по вредност трофеј на Стариот континент, а ждрепката одлучи да нема дуели кои ќе отскокнуваат, односно ќе привлечат поголемо внимание, но тоа не значи дека нема да има интересни и неизвесни дуели.
Така, во четвртфиналето ќе се соочат:
Лајпциг – Марсеј
Арсенал – ЦСКА
Атлетико Мадрид – Спортинг Лисабон
Лацио – Салцбург.