Дизелот поевтинува, бензините со непроменети цени
цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти
| инфодеск | Македонија
Во просек, малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи.
Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на Еуродизелот ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.
Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.
Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 20.03.2018 година.