НВО „Опција“ ги презентира програмите со кои делуваат во превенцијата од Хив/Сида
Со видео запис НВО „Опција“ од Охрид ги презентира програмите со кои делуваат во превенцијата од Хив /Сида. Се одржа средба со советниицте од Охрид и Струга, како и со претставниците од државните и јавните институци кои се поврзани со овој општествен проблем. Од „Опција“ очекуваа поддршка и од ЛС по повлекувањето на Глобалниот фонд за превенција од ХИВ/Сида од земјава.
Одржана работна средба на НВО Опција со советниците од општините Охрид и Струга и претставниците од јавните и државните институции кои имаат допирни точки со превенцијата од ХИВ СИДА . Од Опција со видео запис ја презентираа нивната активност и програмите со кои делуваат. Денешната работна тема е „Одговорна транзиција од финансиска поддршка на Глобалниот фонд кон одржливо финансирање на Програмата за превенција на ХИВ СИДА од Националниот буџет“. Од Опција ја доближија својата мисија до останатите институции.
„Денес ќе се обидеме да допреме и до Локалните самоуправи колку се важни овие програми на локално ниво. Постојано напоменуваме проблематиките кои ги засегаат лицата кои се во допир со сексуалните работници и се проблем не само на нив и на нивните семејства туку и на општата популација , на локалното население“, подвлекува Настоска.
Денес беа споделени европски искуства од земјите каде што рапидно расте бројто на ХИВ СИДА заболени по стопирањето на финансиската поддршка од Глобалниот фонд во државите кои не ги презеле обврските од продолжување на финансиска помош на програмите на НВО за превнција на ХИВ СИДА, вели Настоска.
„ Глобалниот фонд се повлекува од РМ , но за среќа ни излезе со финансиска поддршка нашето Министерството за здрвство. Одобрени се 47 милиони денари за превентивните програми за ниска преваленца на ХИВ и туберкулоза, вели Настоска.
Министерството за здравсто на РМ одобри финансиски средства уште за 15 НВО кој, покрај Инистиутот за јавно здравје, работат на превенција на Хив/Сида . Тие средства ги покриваат теренските активности и работата на дневните центри и професионалните тимови.