Формиран охридскиот огранок на партијата Единствена Македонија
Формиран охридскиот огранок на партијата Единствена Македонија , а претседател на општинскиот комитет во Охрид е Тино Секулоски. Пред присутините беше промовирана партиската програма и надворешно полтичката стратегија. Опстанокот на Македонија го гледаат во сојузот со Русија и членство во евроазискиот економски сојуз наместо ЕУ и Нато.
Промовиран општинскиот комитет на партијата „Единствена Македонија “ во Охрид. Јанко Бачев,претседателот на партијата Единствена Македонија пред охриѓани ја претстави нивната политичка опција. Во изминатиов месец интересот на граѓаните за нашата партија е голем. Голема лага му се сервира на македонскиот народ во однос на ЕУ и НАТО, рече Јанко Бачев , претседателот на партијата Единствена Македонија.
„Сето тоа го гледаме и луѓето ја прифаќаат нашата идеја. Ние пред еден месец најавивме радикален стратешки пресврт во нашата надворешна политика. Приоритет и заложба ќе ни биде стратешкиот сојуз со Русија и членство на Македонија во евроазиската економска унија“,најави Бачев.
Од Единствена Македонија веруваат дека граѓаните од двете опции, едната на СДСМ и ВМРО кои се за ЕУ и НАТО интеграциите и другата за руско партнерство, ќе ја изберат нивната опрделба.Тие опстанокот и иднината на Македонија го гледаат во стратешкото партнерство со Русија.
„ Последната шанса на Макеоднија и на македонците да го одбраниме името, идентитетот да ја зачуваме нашата држава. Притиснати од сите страни сакаат да ни земат идентитетот , историјата културата, јазикот. Ние по никој ацена не може д аго дозволиме тоа “, рече потпретседателот на партијата Стефан Влахов Мицов.
За претседател на општинскиот комитет во Охрид е избран Тино Секулоски.