Skip to main content

Продажбата на недвижности во Охрид е во благо опаѓање од околу 5 проценти

Продажбата на недвижности  во Охрид е во благо опаѓање од околу 5 проценти. Најбарани  и понатака се становите со помала квадратура, а ги купуваат нашите иселеници и луѓе од внатрешноста. На пазарот  се сочуваме со понуда на стари станови на кои им е потребно реновирање и  станови со лоша комунална инфраструктура без улици и тротоари, напоменуваат агентите за недвижности.   

 |  Валентина Неловска  | 

Охрид е атрактивен и интересен за купување станови најмногу од нашите иселеници во странство и од купувачи од внатрешноста. На пазарот на недвижности во Охрид цените за проджба се во мошне благ пад, информира Александар Трајкоски од агенцијата за недвижности „ Енхелеја.

„Има околу 5 посто пад на недвижностите. Ако цената била 1200 евра за метар квадратен во 2016 и 2015 сега цената е 1150 евра во строгиот центар, Партизанска и Кеј. Во населбата Билјанини извори била 850 евра за метар квадратен сега е 750 евра з а метар квадратен. Би напоменал дека понудата е лоша се продаваат станови во стари згради“, вели Трајкоски.

Трајкоски додава дека и понатака на пазарот се барани становите со помала квадратура до 50 метри квадратни. Во Охрид покрај понудата за продажба на станови во стари згради на кои им е потребно реновирање, се нудат за продажба и нови станови но сe oпкружени со лоша инфраструктура.

„Поквалитетните станови кои имаат локација и добар градба заслужуваат и поголеми цени. Но, сликата е лоша на се што е настрана од централното градско подрачје. Има лоша инфраструктура, паркрање се што ја чини цената на недвижноста. Инфраструктурата на периферија е катастрофална, улиците, тротоарите и нема големо побарување“, напоменува Трајкоски.

Александар Трајкоски од Агенцијата за недвижности Енхелеа апелира до Локалната самоуправа за брза урбанизација на потегот од Билјанини извори до Св Наум. Со создавање на услови за потенцијалните инвеститори ќе се изградат убави и квалитетни населби.