Skip to main content

Охридската ТА „Елида Турс“ се стекна со сертификат Коректна Фирма

Охридската туристичка агенција „Елида Турс“  се стекна со сертификат Коректна Фирма. Клиентите добиваат важна информација за работата на една комапнија која се стекнува со овој сертификат дека станува збор за сигурна и веродостојна компанија. За Елода турс овој сертификат кој  на европскиот пазар постои шест години, ќе биде мотив за понатамошна успешна работа.  

 |  Валентина Неловска  | 

Со сертификат Коректна Фирма се здоби охридската туристичка агенција „Елида Турс“. Како една помала фирма овој сертификат е значајно признание и мотив за нас да продолжиме по патот по кој го трасираме ското 3 децени , вели сопственичката на агенцијата Елида Битрак.

„Нашиот тим во секое време се труди со нашите клиенти да има коректен однос. Да има почитување и да се најде можност отценувајќи го карактерот на патникот како да му удоволи на неговото барање. Секогаш се љубезни, коректни, во прв план е клиентот и мислам дека го заслуживме тоа“, вели Битрак.

ТА „ Елида Турс“ работи со incaming и outgoing туризам во изминативе 28 години. Имаме поминато еден долг, трнлив пат и мислам дека успешноста зависи од искуството и персоналот со кој ракводам, подвелекува Битрак. Секогаш работиме со проверени партнери, додадава Битрак.

„ Секогаш се трудиме да дадеме повеќе од она што сме понудиле. Задоволството на клиентите е видливо и очекуваме во наредниот период оваа репутација да не следи. За нас е мотив и желба за постигнување на поголеми резулатати“, вели Битрак.

Сертификатот Коректна Фирма постои на европскиот пазар од 2012 година. Овој европски проект се спроведува преку македонската фирма Корект Компани ДООЕЛ Скопје. Комапнијата се обидува да создаде мост меѓу производителите и потрошувачите. Нивните алатки помогаат да ги филтрираат и наградат фирмите кои имаат позитивни спомнувања на интернет, а да им помогнат на тие кои немаат.