Skip to main content

Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби

Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби, покажало истражувањето спроведено во „ Св.Климент Охридски“. За инклузија на децата со попреченост во редовниот наставен процес важни се разбирањето и емпатијата кон тие деца, напоменува училишниот педагог. Стигмите кон децата со посебни потреби во одредени средини сеуште постојат, но се менуваат.

 |  Валентина Неловска  | 

Основците имаат слаби познавања за децата со посебни потреби. Ова го покажало истражувањето спроведено од стручната служба во ОУ„ Св Климент Охридски“ при реализација на проект на тема „ До инклузија со соработка“ со „Сината птица“ , здружение за помош и поддршка на деца и млади со различности. Основните училишта со наставната програма се насочени кон едукативниот процес за сметка на воспитната компонента. Иако школите се трудат да работат со децата на развивање позитивни ставови и менување на стереотипите за овие деца тие се оптоварени со обемни наставни програми и планови, напоменува училишниот педагог Славица Илиќ .

„Јас како педагог во училиштето тоа го потенцирам. Она што не сме го научиле како деца во животот ќе имаме можност да го научиме. Но ако немаме од раното детство позитивни ставови и не сме добри луѓе тешко може да се надополни во некоја подоцнежна возраст. Училиштата треба на своја иницијатива да смислат програми доколку има одредени проблеми кои се однесуваат на стереотипи, предрасуди и стигми и да реагираат “, вели педагогот Илиќ.

Охридското ОУ „Св Климент Охридски“ има долга традиција со работа на паралеки во кои се  работи со деца со посебни потреби и нема инциденти или неприфаќање на овие деца, укажува педагогот. Но во одредени средини има стереотипи, а тоа во гоелма мерка зависи од нас возрасните и семејството, додава Илиќ.

„Зависи од семејство до семејство. Некој има своја некаква практика во опкружувањето или историја, но за жал има и случаи каде што родителите не сакаат нивното дете да учи во паралелка со деца со одредена попреченост“, посочува Илиќ.

Предрасудите полека се надминуваат, а ние влијаеме на нивна промена потенцира училишниот педагог Славица Илиќ. Учениците од редовните паралелки ги едуцираме да ги прифаќаат овие деца бидејќи на нив им е најважно да бидат прифатени и разбрани од средината. На денешната работлница, покрај тоа што беа споделени резулатите од истражувањето спроведено лани на осмоодленци,  се одржа и работлиница со стручни соработници од охридските и струшките основни и средни училишта на тема „ До инклузија со соработка“ .