Skip to main content

Успешно модно преставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје

 Успешно модно претставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје. Со  колекцијата  Boundless Koцарева  се  претстави со модели изработени од свила , чипка и жоржет. Коцарева по трет пат е дел од големото модно случување во земјава. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со комбинации во 3 бои, парчиња со нагласен струк, голи раменици, набори, транспарентни делови , вели Коцарева за својата нова колекција.

„Користени се неколку видови материјали како свила, чипка, жоржет. Креациите содржат доста наметки кои можат и да се тргнат. Фустанот може да се носи во два дела со и без наметка. Има доста рачна работа во креациите. Рачно се изведувани со бисери и опашки“, нaпоменува Коцарева.

Модната дизајнерка Моника Коцарева успеа да ги исполни модните критериуми на организaторот. Таа со свои 13 креации по трет пат беше дел од најголемото модно случување во земјава .

„ Подготовката на колекцијата траеше неколку месеци. Има доста работа. Секоја креација е изработена со љубов и внимание без брзање. Моделите се уникатни и секоја зборува сама за себе поинаква приказна“, вели задоволно Коцарева.

На тридневниот настан Fashion week во Скопје, учествуваа околу 15 тина креатори од земајва и регионот. Моника Коцарева беше единствената охриѓанка меѓу младите модни дизајнери и оние кои веќе се етаблирани во светот на модата.