Skip to main content

Стружани очекуваат новите советници да бидат вредни

Членовите на советот на о.Струга од среда ќе се фатат за работа.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Струшкиот совет официјално ќе започне со работа од следната недела. Бидејќи изборниот процес во Струга заврши на 15 овој месец, согласно законот за локална самоуправа, 20 дена по завршувањето на изборите, новиот состав има за задача да се состане. Законските одредби веќе се запазија,  и скоро сите членови на советот добија покани за седницата која ќе се одржи во среда, на 29 април.

Нивните избрачи  очекуваат дека советниците од старт ќе работата во интерес на сите граѓани.

Вo анкетата која ТВМ ја направи, стружани пред се очекуваат да се решат многу проблеми од комуналната област. Велат, ново избраните советници треба да мислат на сите граѓани и кога имаат некој проблем да им излезат во пресрет.

sovetЗакажаната седница ќе ја отвори и води претседателот на советот од минатиот состав, или во случај тој да не е во можност, истата ќе ја предводи најстариот член од сегашниот струшки совет.

„Очекуваме дека соработката на релација Локална Самоуправа- Совет на о.Струга, ќе биде на високо ниво, вели секретерот Зоран Гулицоски.

Новиот струшки совет брои вкупно 27 советници. Од нив, 6 на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ има 3 советници, од редовите на ДУИ 8, ПЕИ ќе учествува во работата на советот со 3 советници, ДПА со 4, 1 член од ЛДП и два на Нова демократија.

 

{loadposition content9}