Skip to main content

Нема интернет во основните училиштата во Охрид

Нема интернет во основните училиштата во Охрид. Директорите на училиштата се препуштени сами на себе да си обезбедуваат интернет така што, е, дневникот се потполнува дома а ИКТ, наставата се импровизира.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридските школи од почетокот на второто полугодие немаат интернет. Овој проблем не е присутен само во Охрид, туку во сите училишта во Македонија. Наставниците не можат да реализираат настава според ИКТ-програмата, па така добар дел од обврските како што е тоа е- дневникот тие го завршуваат дома. Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Оливија Пирузева Јанева вели дека немаат информација од Министерството за образование за што точно се работи, дали доцни тендерот или воопшто не е распишан, но тие како училиште се снашле на свој начин.

Нашето училиште има интеренет не сме без интернет, тоа е е нашиот што ние како училиште го плаќаме од Телеком заедно со фиксната телефонија, така да немаме голем проблем но сепак е потребен тој интернет кој што сепак треба да го плати Министерството за образование кое и го оддржува

Поради немањето на интернет наставниците кои имаат обврска да го водат е – дневникот, не се во можност тоа да го прават во училиштето и во моментов тоа го прават од дома, посочува Јанева,

Имаме исто така проблем и со изведување на часови кои се изведуваат со ИКТ технологија и всушност тие часови со ваков проблем се импровизираат. Се надевам дека за скоро Министерството ќе го реши тоа бидејќи и интернетот кој што го имаме како училиште ја нема онаа брзина и јачина на интернет кој ни е потребен

Според Законот за основно и средно образование, наставниците имаат обврска 30% од наставата да ја изведуваат на компјутер. Поради исклучениот интернет, наставниците можат да бидат казнети од државниот просветен инспекторат бидејќи не употребуваат информатичко – комуникациски технологии во наставата.