Skip to main content

Викенд акција за вдомување на миленичиња

Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните организираа акција за вдомување на кучиња. Најзаинтересирани за вдомување се децата кои сакаат да си имаат свое милениче за кое ќе се грижат, но и  странците сакаат да вдомат куче.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица.


Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија Димзовска, граѓански активист.


Димзовска вели дека шест кученца чекаат свој стопан Најзаинтересирани за вдомување на кучињата се децата кои сакаат да си имаат свое милениче за кое ќе се грижат, но и странците сакаат да вдомат куче.


Кученцата можат да се вдомат со потпишување формулар во кој се согласувате да бидите одговорен сопственик, на активистите од Анималија да им се овозможи посета на кученцето и да можат да контролираат како расте и се развива кученцето, вели Димзовска.


Кучињата кои се вдомени во претходни сличнимеѓу кои и оние на здружението Анималија претежно се во странство вдомени се кучиња и во нашата земја но интересот кај нас е помал, велат активистите за заштита на животните.