Skip to main content

„Создаваме, креираме математички сликовниц

„Создаваме, креираме математички сликовници“. Денес на работилницата под овој наслов петто одделенците од  ОУ „Григог Прличев“ и  ОУ „Кочо Рацин“решаваа математички проблеми, цртаа, пееја, а и пишуваа текст со кој направија сопствени сликовници со најразлична содржина. Изработените математички сликовници ќе можат да ги видат и останатите ученици бидејќи ќе бидат изложени во двете училишта.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Математиката може да биде и забавна. Учениците од 5то-4 од ОУ „Григог Прличев“ и од 5-1 од ОУ „Кочо Рацин“ на денешната работилница „Создаваме, креираме математички сликовници“ решаваа математички проблеми, цртаа, пееја, а и пишуваа текст со кој направија сопствени сликовници со најразлична содржина. Некои пишуваа за нивните омилени ликови од цртаните филмови, некои за природата некои пак за нивната омилена игра.

Оваа работилница овозможи да се развива дружељубивоста, здружувањето во групи како и меѓусебното помагање кај учениците. Тие се стимулираат за да креираат сликовници на оригинален и забавен начин, се поттикнува нивната креативност бидејќи измислуваат наслов на сликовницата, текст, па какви ќе бидат илустрациите во неа, ги осмислуваат кориците, а при тоа решаваат математички задачи. Наставниците следејќи повеќе семинари за осовременување на наставниот процес дошле на идеа да организираат една ваква работилница.

Мојата идеа и ја изложив на колешката Маре Ѓорѓиоска која ја прифати со задоволство и за две недели успеавме да прибереме ресурси, материјали и еве денес ја остваривме таа заедничка средба се со цел за подобрување на квалитетот на наставата, поголема мотивација на учениците,вели Виолета Петковска- ОУ „Кочо Рацин“.


Наставничките велат дека со ваквиот тип на работа се поттикнуваат и мотивираат учениците да имаат насочено внимание, постојана концентрација и логично и креативно да размислуваат. Изработените математички сликовници ќе можат да ги видат и останатите ученици бидејќи ќе бидат изложени во двете училишта.