Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ: Пресметана хајка врз поранешните директори

СДСМ води нарачана и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ. Поднесуваат неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.

Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста на поранешните директори, вели Божиноски.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали тоа што некој е директор и кадар поставен од СДСМ го амнестира од одговорност, а другите треба да се влечат по судовии против колку директори од актуелната локална власт не е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

Зошто не се објавува дека се води постапка од ОЈО за поранешната директорка на ЈП „Градски гробишта“? ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите оние кои учествувале во овие политички нарачки по промената на Власта ќе одговараат, вели Божиноски.


Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ велат дека институциите покажуваат недостаток на капaцитет и способност да ги расветлат настаните поврзани со кадрите на СДСМ. Потенцираат дека на секој чекор никнуваат дивоградби, се узурпира земјиште, во градот се случува урбанистички хаос, дури и на повидок е нов панаѓур за време на летната сезона, а од Локалната самоуправа не преземаат ништо.