Skip to main content

Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државната Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Лицата со попреченост поблиску до остварувањето на своето право на глас. Многупати досега поради нивниот хендикеп некои од нив не гласаа, а со тоа остануваа надвор од општествените текови. Затоа Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, одржува регионални работилници на кои ги обучува членовите на ДИК како да им помогнат на лицата со попреченост при нивното гласање, а воедно да не бидат дискриминирани.

ДИК и минатите локални избори пред се за лицата со оштетен вид воведе шаблон за гласање со помош на брајово писмо, изработени се и специјализирани паравани за лицата со хендикеп за да можат и тие да гласаат, вели Неда Гацова- советник во правна служба во ДИК.

Преку интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, ДИК и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, даваат насоки за организирање на пристапни избори.


Како што поминува времето стануваме свесни дека ДИК и останатите организации треба да работиме на подигање на свеста хендикепираните граѓани сами да дојдат на избирачките места да гласаат, а ние како инволвирани во тој процес да им ги овозможиме сите околности за тоа, вели Гацова.

Денес ваква регионална работилница се одржа за Општинските Изборни Комисии од Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Дебарца, Вевчани. Досега се организирани десет регионални работилници во цела држава.