20то јубилејно Распеано рибарче
Во Центарот за Култура „Григор Прличев“, викендов се одржа 20тото издание на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“.
Во Центарот за Култура „Григор Прличев“, викендов се одржа 20-то издание на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“.
Во преполната сала „малите рибарчиња“, родителите и организаторите ги поздрави градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски кој истакна дека на денешно време не е лесно да се опстои толку долг период на фестивалската сцена.
Градоначалникот ги поздрави и првите настапувачи на фестивалот во далечната 1998 година кои беа меѓу присутните и подвлече дека во рамки на можностите општината ќе го поддржува фестивалот и во наредните години.
Годинава фестивалот донесе 15 нови детски песни, а во изминативе две децении на сцената излегле над 1000 деца од Охрид и регионов.