Skip to main content

Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“

Улицата „7ми Ноември“ ќе добие нов лик. Оваа сообраќајница кој моментално е во доста лоша состојба ќе се реконструира и ќе се направат нови тротоари, новиа велосипедска патека, а на потегот од Здружение на возачи до некогашната фабрика Братство  ќе има и по две сообраќајни ленти во двете насоки.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Локалната тоа го предвиде со годишната програма бидејќи според сондажите кои се направени од страна на Секторот за комунален развој сообраќај и патишта оваа сообраќајница која е една од поглавните артерии во градов навистина е во незавидна состојба. Коловозот е исрешетан со ударни дупки, тротоарите на добар дел од улицата се ископани или воопшто ги нема, велосипедските патеки кои се направени уште пред четириесетина години се издигнати над коловозот и никој не ги користи, а на делот пред маркетите кои се сконцентрирани на оваа улица речиси постојано две ленти од коловозот се узурпирани со возила.

Сакаме улицата да добие едно ново светло со изградба на тротоари, со посебни постојки за линиски и такси превоз, да се направи посебна површина за велосипедски патеки и строго да ги определиме местата за паркирање,а не како сега да паркира кој каде ќе стигне, вели Зоран Шикалоски од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.

На „7ми Ноември“ нема мрежа за дождовна канализација што претставува децениски проблем за жителите кои гравитираат таму.


Со уредувањето на оваа улица ќе го решиме и проблемот што се јавува при пообилни врнежи од дожд. Канализационата мрежа се преполнува и водата се излева по подруми по градини и им се прават големи штети на граѓаните, објаснува Шикалоски.

Локалната предвидела средства и за уредување на уличното осветлување. Посебно црна точка е потегот кај ОУ „Братство и Единство“. Тука ќе се ставаат нови канделабри, а ќе се осветли и улицата „Бекир Алириза“ која сега е речиси во целосен мрак.