Skip to main content

Турските туристи кои доаѓаат на кружната Балканска тура забелележуваат на лошата патна инфраструктура во регионот

Турските туристи кои доаѓаат на кружната Балканска  тура забелележуваат на лошата патна инфраструктура во регионот. Исто така реагираaт на чекањето на царинските премини. Очекуваат повисоки стандарди за плaтенитe аранжмани во   хотелите со 3 или 4 ѕвезди кажуваат турските туроператори.

 |  Валентина Неловска  | 

Туристите од Турција кои доаѓаат во Охрид и патуваат на балканската кружна тура упатуваат забелешки за лошата патна инфраструктура, кажува Сејфедин Куртиш, туроператор БТБ одТурција. Патната инфраструктура е голем недостаток туристите да уживаат подолго во убавината не само во Македонија туку генерално во регионот, вели Куртиш.

„ Од Скопје до Охрид доаѓаме за 3 часа.Тоа е голем проблем не може да уживаат во посета и разглед на градовите. Ова важи и за другите држави. Балканската тура повеќе поминува по патиштата. Замислете Охрид-Скопје да е сат и половина, 2 сати ќе имаме за да го доживеат Охрид. Затоа имаме 2 дена во Охрид ,а потоа Св.Наум, Ресен и Битола. Битола е важна за Турците заради училиштето на Ататурк во овој град, а СВ Наум е рај, фантастично место. Не можеме да ги извадиме гостите од таму молат да останат уште еден час“ напоменува Куртиш.

Покрај лошата патна инфраструктура, турските туристи забележуваат и на долгото чекање на царинските премини. Изгубеното време на царинските испостави и лошите патишта се голем хендикеп за Балканските тури, напоменува Куртиш. Покрај овие две заблешки туристите од Турција не добиваат услуги за резервации кои ги упатиле во хотелите со 3 и4 ѕвезди.

„ Секој ден хотелите одат на подбро. Но услугата е солидна додека во Турција е со висок стандард. Кога ние продаваме хотели со 3 или 4 ѕвезди тие го очекуваат стандардот во Турција. Но секој ден оди на подобро и треба да сме оптимисти“, напоменува Куртиш.

Годишно во регионот од турскиот пазар во градот и регионот престојуваат околу 50.000 туристи. Тие доаѓаат со авионска линија и со автобуски превоз.