На 13ти мај пеколна комедија со Никола Тодороски
На 13 мај, на големо задоволство на публиката, во рамки на големата балканска турнеја премиерно и во Охрид, најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски.
На 13 мај, на големо задоволство на публиката, во рамки на големата балканска турнеја премиерно и во Охрид, најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски. 
“ ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, или како што вели Тодороски, за тие што бегале од часовите по англиски “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, е насловена 75 минутната пеколна комедија која ја исмева човечката глупост. Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето ново соло шоу “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY” ја започна балканската турнеја-5 држави, 23 балкански градови. На 13ти мај шоуто ќе ја доживее својата премиера во Охрид во големата сала при Центарот за Култура. Билетите на големото стендап шоу на Никола Тодороски се во продажба од денес на Билетарата на Центарот за Култура од 10 до 20 часот. Цената на билетот е 200 ден.