Децата од предшколска група од охридските и струшките градинки имаа спортски натпревар
Децата од предшколска група од охридските и струшките градинки имаа спортски натпревар. Со спортските игри кои се одржуваат традиционално се развиваат вештините и натпреварувачкиот дух. Годинава се одржа и ликовен натпревар со што се развива креативноста кај децата.
Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни .
Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо внимание за стекнување навики за здрав животен стил кај децата.
„Во однос на спортските вештини по програмата има активности со кои се практикува спортот. Почнувајќи од секојдневни вежби, гимнастика наутро, преку спортски активности и подвижни игри кои воспитните тимови ги практикуваат со своите групи“, напоменува Рилкова.
Овие спортски игри се одржуваат со години наназад и се традиционални помеѓу охридските и струшките деца од предшколските групи. Се одржуваат во спортската сала на приватното училиште Јахија Кемал. Годинава има има еден новитет, напоменува Рилкоска.
„Воведовме ликовни игри. Покрај тоа што се напреваруваат, децата ја покажуваат својата креативност и во ликовното изразување. Со овие игри се развива ситната мускулатура “, укажува Рилкова.
Деведесет деца учествуваа во спортските и ликовните игри. Децата се радуваа, дружеа и се трудеа секое да биде што поуспешно во спортските вештини.