Skip to main content

Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура

Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ  пред собраниската комисија за култура за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион. Во неговиот исказ најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување. 

 |  Валентина Неловска  | 

Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување.


„ Во мојот исказ кажав дека урбанистичките планови се последно ниво , но најмногу ги интересира нашите граѓаните. Урбанистичките планови мора да се носат во склад со планот за управување со светското природно и културно наследство.Треба да се направи инвенатризација и список што се влегува во тоа природно и културно наследство, “рече Стојаноски.

Во врска со деталните планови за 19 комплекси во споменична целина Старо градско јадро се очекува финансиска поддршка од Министерство за трнспорт и врски. Општина Охрид во февруари годинава, поднесла барање до Министерството за транспорт и врски за урбанизација на 19 комплекси и крајбрежниот појас од Охридско езеро. Побарала да влезат во Програмата за урбанизација на МТВ. Од ресорното министерство во месец март одговориле дека Јавниот повик за 2018 година сеуште не е објавен. По објавувањето може во електронска форма да поднесат предлог за изработување на планови. Сметам дека заради важноста на прашањето и неможноста на Општина Охрид самостојно да ја финансира изработката на плановите, Владата треба да го задолжи МТВ да ги изработи плановите за 19 комплекси но и за крајбрежниот појас на езерото, вели Стојаноски.

„ Во моментов општината има недоволно урбанистичко покривање особено на крајбрежјето и изработката на 19 комплекси во старото градско јадро.Тие се 2 урбанистички приоритети проекти кои мора да ги донесеме, а треба да се во склад со 3 планови кои ги споменав“, рече Стојаноски.

Охридскиот градоначалник очекува законски измени, а и понатака ќе дава конструктивни предлози.Што се однесува до останатите искази Стојаноски се осврна и на многу други активности. Информира дека општината активно учествува во изготвување План за управување со сливот на Охридското Езеро. Овој план кој треба да биде завршен во рок од 18 месеци значително ќе допринесе за подобрување на состојбите со заштитата на Охридското Езеро.
Со финансиската поддршка на УНДП, направен е чекор во решавање на проблемот со еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро – Реката Сатеска односно нејзино враќање во старото корито. Стојански посочи дека општина Охрид самостојно ќе изработи Ревизија на постојната студија за ревитализација на остатоците од Студенчишко блато бидејќи досега не добиле поддршка за тоа. Сакам да истакнам дека се заложуваме за научен пристап не само за заштита на блатото туку и на негова туристичка валоризација. Во рамките на новата ревизија треба да се добие и одговор и за можноста во рамките на ова подрачје да се реализира марина која ќе го реши уште еден горлив проблем на Охрид, напомена охридскиот градоначалник.
Во однос на Стратегијата за туризам на Општина Охрид, рече дека општината ја продолжува соработката со Швајцарската фондација Swiss contact. Во конечната верзија на стратегијата акцент е сатвен на заштитата на ,, Универзалните вредности на доброто,, како почетна точка, но и потребата од усогласеност на стратегијата со Националната стратегија за туризам и со Планот за управување со Охридскиот регион.

Во однос на регулирањето на моторниот сообраќај, општина Охрид презема реализација на неколку проекти. Воведува СМС паркирање, работи на микро-сообраќајна студија за централно градско подрачје, распиша тендер за изработка на сообраќајна студија за Охрид.
Во однос со проблемот со нефункционалниот колекторски систем, Стојаноски ја посочи соработката со Централната власт, но и самостојно превзема чекори за надминување на овој проблем. Укажа на контактите со реномирани компании за третман на отпадни води со цел да се пронајде оптимално решение.
Стојаноски кажа дека во општината е формирана канцеларија и назначила координатор за соработка со УНЕСКО.