Над илајда тркачи од 10 држави ќе трчаат на спортската манифестација Охрид трчат
Над илајда тркачи од 10 држави ќе трчаат на спортската манифестација Охрид трчат. Во недела на 3 јуни на 5 и 10 км ќе трчаат спортисти, рекреативци, политичари, музичари. Организаторите упатуваат апел охриѓани и туристите да имаат разбирање за двочасовното затварање на градските улици во централното градско подрачје. Воедно бараат од сопствениците на возилата на улиците на кои ќе се одржува градската трка да нема паркирани автомобили.
Спортската манифестација „ Охрид трчат “ што ќе се одржи во недела предизвика силен интерес кај спортистите скоро од целиот свет. Во недела на 3 јуни на двете трки во должина од 5 и 10 км ќе трчаат рекреативци, но и потврдени маратонци. Во Охрид ќе допатуваат 1025 спортисти од 10 држави, информира Иван Цветкоски, од Асоцијацијата за спорт „ Сите за спорт, спорт за сите“.
„ Тоа е бројка за почит не за македонски услови туку за Балкански и Европски услови. Од тој број на учесници имаме гости од надвор, од Македонија се 500 – 600. Охрид ќе биде спортски центар според бројот на учесници“, вели Иван Цветкоски.
На „ Охрид трчат“ ќе трчаат рекреативци и спортисти, но и политичари, музичари. Меѓу кои нив се Џес Бејли, Самуел Жбогар, Ѓоко Танески, малиот Јане Велкоски, Оливера Јефтовиќ, балкански првак и европски вицепрвак во маратон. Градоначалникот Јован Стојаноски со бројот еден на спортската маичка ќе биде дел од спортската манифестација. Градот и организаторите се задоволни од позитивниот дух кој што се шири со овој настан кој се организира по втор пат.
„Ви посакувам уште многу вакви настани да организирате. Локалната самоуправа, секогаш, и во претходниот мандат градоначалникот го препознал она што е позитивно за градот, а и јас како градоначалник имавме добра соработка со организаторите во склад со можностите кои ги има Локалната самоуправа да помогне да се одржи настанот “, подвлече Стојаноски.
Антонио Додески, упати апел до граѓаните и туристите да имаат разбирање за затварање на сообраќајот на градските улици додека се одржува трката. Сообраќајот ќе биде затворен за моторни возила на улиците кои гравитираат кон Стар град, на Кеј Македонија, Партизанска, Димитар Влахов, Јане Сандански.
„Би сакал да апелирам и да ги замолам да имаат разбирање бидејќи ќе има затворени улици во централното градско подрачје во перидот не подолг од 2 часа. Граѓаните ќе се воздржат со цел манифестацијата да го направи Охрид дел од семејството метрополи кои организираат градски трки. Ако може Њујорк и Лондон да затвораат дел од улиците сигурно и ние ќе можеме 2 часа да ги избегнеме овеи улици“, порача Додески.
За сообраќај ќе биде затворен и Градскиот плоштад од 20 часот во сабота до 14 часот во недела. Организаторите апелираат граѓаните на споменатите улици да не ги паркираат возилата и да се приклучат како публика на спортскиот настан. За тркаат д асе ораганзир аебзпрекорно ќе се погрижат околу 160 волонетри.