Skip to main content

СЗО објави четврт степен на опасност од свински грип

Извршниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) на синоќешниот состанок во Женева донесе одлука за зголемување на степенот на опасност од болеста свински грип од трето на четврто ниво.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Извршниот комитет на Светската здравствена организација (СЗО) на синоќешниот состанок во Женева донесе одлука за зголемување на степенот на опасност од болеста свински грип од трето на четврто ниво.

Како што соопшти в.д. заменикот генерален секретар на СЗО, Кеиџи Фукуда, зголемувањето на нивото на опасност од трет на четврти степен значи дека Организацијата потврдува постоење на епидемија на нов тип на грип во ограничен број реони и дека е зголемена опасноста од појава на пандемија на болеста, но дека пандемијата не е и неизбежна.

WHOСпоред Фукуда, врз основа на расположливите податоци СЗО смета дека запирањето на епидемијата не е можно и дека треба да се преземат мерки за борба против ширење на болеста.
СЗО ги пивика сите земји засилено да се подготвуваат за евентуална епидемија на грипот и препорача да се работи на вакцината против грип А/Х1Н1, која би требало постојано да се прилагодува на новонастанатата состојба.

Сионќа, на почетокот на своето заседание, Извршниот комитет на СЗО донесе одлука да не препорачува ограничување на патувањата во реоните во кој е регистрирна појава на свинскиот грип.
Седницата на Извршниот комитет на СЗО требаше да се одржи денеска, но поради сериозноста на болеста заседанието беше презакажено за синоќа.

{loadposition content9}