ФОТА бара забрана на КЕРС
Флавио Бријаторе објави дека Асоцијацијата на тимовите од Формула 1 (ФОТА) притиска за забрана на КЕРС на крајот од сезонава.
ФОТА

Системот за зачувување на енергијата и нејзина повторна употреба е воведен годинава, но во моментов само неколку тимови го употребуваа откако го развија овој дел со разумен трошок и со измешани резултати.
„Да, ФОТА сака забрана за него од 2010“, изјави Бријаторе за „Газета дело спорт“. „Веднаш сфативме дека КЕРС е генијален изум за трошење пари и ФИА требаше да го забележи тоа. Требаше да се разговара за тоа пред почетокот на сезоната, а тоа се однесува и за дифузерите. Откако не беше направено тоа, ние сме принудени да се изложуваме на трошоци што се колку луди толку и бескорисни“.
Тимскиот шеф на Рено се осврна и на одлуката за легализација на „дифузерот-близнак“, чекор на кој тој силно се спротивставува.
„Грешката е во тоа што правилата се нејасни“, вели тој. „Тие мора повторно да станат транспарентни. Или е црно или е бело. До денес се’ уште не разбирам што мисли ФИА во целост за дифузерот, па можам да го разберам чудењето на гледачите. Денес во Ф1 некои користат КЕРС, други не, некои се со супердифузер, други без него. Тоа не е добро“.

{loadposition content9}