Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули
Двата базени на СРЦ Билјанини извори ќе бидат отворени на први јули. Се прават завршните подоготовки по успешното сервисирање на сите инсталации. Оваа летна сезона од пливачкиот базен Атина Бојаџи најавуваат и нови содржини како што е ноќното пливање.
Се прават завршните технички подготвки за пуштање во употреба на двата пливачки базени на СРЦ Билјанини извори. Набавено е потребното количество на хлор, а според тоа како течат зафатите се очекува негово официјално отварање за пливачите и рекреативците на 1 јули, информира Гордана Јованоска директорот на ЈП Билјанини извори .
„ Направени се сите сервиси на инсталациите за хлорирање и дезинфекција, поправен е и компензациониот базен. Потребно е чистење, а тоа ќе се направи во претпоследните денови за да нема дополнително чистење. Годинава на базенот ќе работат 2- те школи Делфина 2012 и Охридски бранови“, напоменува Јованоска.
Оваа летна сезона на пливачкиот базен Атина Бојаџи на базенот ќе има покрај спортски содржини наменти за граѓаните од сите возрасти. Според потребите на постетители така ќе се прилчагодува и понудата на СРЦ . Се планира да се постават автомати за кафе, сок сладолед.
„ Пливачките школи ќе работат од наутро до 14 часот. Потоа до 20 часот базените ќе се отворени за рекреативци. Следува ноќно пливање , а за најмладите може да се орагниираат разни видови забави, на приемер како што се прослави на родендени. Целта ние да се отворат можности за сите да уживаат на овој простор“, укажува директорката Јованоска.
За влез од 14 до 20 часот на базените на СРЦ влезниците ќе чинат 60 денари за возрасни ,а за деца до 12 години капењето е безплатно. За безбедноста на капачите на двата базени ќе бидат ангажирани спасители на вода.