Забрана за увоз на свињи
Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип.
прасе

Ова вчера на прес конференција го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски.
„Постојано ја следиме ситуацијата и контактираме со Светската ветеринарна организација. Доколку Европската комисија донесе какви било мерки за заштита од свинскиот грип, ќе ги следиме препораките“, рече Спасеноски.
Според надлежните служби, вирусот на свински грип може да се пренесе само преку живи свињи или луѓе.
Во Македонија досега не е регистриран случај на свински грип.

{loadposition content9}