Југозападниот плански регион доби средства за три проекти
Југозападниот плански регион со Бирото за регионален развој потпишаа три договори за користење средства од националниот буџет. Парите ќе бидат наменети за подобрување на патната инфраструктура и изведба на енергетски ефикасни објекти во неколку општини од регионот. Проектите треба да бидат готови до месец ноември.
Изработка на техничка документација за патна инфраструктура, изведба и реконструкција на патна инфрастуктура и изведба на енергетски ефикасни објекти се трите проекти кои ќе стартуваат во неколку општини од Југозападниот плански регион по потпишувањето на договорот со Бирото за регионален развој. Средствата во висина од 26 милиони денари се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа од националниот буџет, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион. Уште денес ќе има објава на електронскиот систем за јавни набавки, со кој во 6 општини од 9 – те во регионот ќе се подобрува патната инфраструктура, појаснува Лозаноска. Во општина Охрид ќе се работат документации за две градски улици кој се во очајна состојба.
„Изработка на технички документации за реконструкции на дел од улицата Абас Емин во должина од 1100 метри, за патот до црквата Св. Атанасие во должина од 1460 метри и за дел од улицата 7- ми Ноември во должина од 687 метри“, напоменува Лозаноска.
Изведба и реконструкција на патишта ќе има во 3 општини од регионот. Во Охрид ќе се реконструира улицата Коста Абраш , со оплеменување на малиот плоштад околу Табана, а ќе се гради и пешачка патека од Саат кулата до ОУ Св. Климент Охридски. Со проектот, пак за енергетска ефикасност на објектите во општина Охрид и Струга ќе има градежни зафати врз две детски градинки.
„ Во Струга во детската градинка 8- ми Март, Пеперутка, која згрижува 178 деца со замена на надворешната столарија ќе се подобрува енергетската ефикасност со околу 50 проценти. Во општина Охрид во детската градинка Развигорче со 165 деца ќе се прави реконструкција на кровот со што ќе има енергетска заштеда од околу 30 проценти“, кажува Лозаноска.
Објавувањето на тендерскиет псотапки почнуваат од денес, а стартувањето на проектите се очекува да започнат од месец септември. Средствата наменети за инфраструктурните проекти треба да бидат искористени до месец ноември.
Во Југозпадниот плански регион влегуваат 9 општините Струга, Кичево, Дебар, Македонски брод , Центар Жупа, Пласница, Вевчани, Дебрца и Охрид.