Собир на просветните работници од Македонија во „Јахја Кемал“
Собир на просветните работници од Македонија во „Јахја Кемал“.
собир
Се разменуваа искуства за изработката на различни проекти.
Просветните работници од Македонија, во Струга разменија искуства, за изработката на различни проекти. Средното приватно училиште „Јахја Кемал“ е домаќин на средбата на која се презентираа проектите насловени како „Осигурување на квалитет преку апликативни воспитно образовни активности
Детските установи, основните и средните училиште од Македонија, презентираа различни проекти кои сами ги подготвувале.
„Ние од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, имаме подготвено проект за калемење на јаболка. За тој проект ни беше потребно речиси цела година. Прикажано е и со видео снимка како се одвива тој процес“-вели ученичката Катерина Ренџоска.
Овој настан го организира сојузот на просветни работници на Р. Македонија. Промоцијата на проектите кој се одржа во Струга е шеста по ред во државава.
„Ние сакавме овој пат училиштето каде ќе се врши презентација да е приватно. Го избравме „Јахја Кемал“ бидејќи може да биде пример за сите училишта“-вели проф.Д-р Елица Николовск од Сојуз на просветни работници на Р.Македонија.
За средното приватно училиште „Јахја Кемал“ е од големо значење што повеќе училишта од Македонија, се дел од собирот во оваа образовна институција.
На денешната презентација на проектите, учениците заедно со нивните ментори детално, го објаснуваа процесот на изготвување на проектот. Средбата немаше натпреварувачки карактер.

{loadposition content9}