Skip to main content

Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018

 Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и  официјално лето 2018.  Со проектот  Бела ноќ се  ветува забава и музика за сите со  гостување на светски диџеи и познати музички имиња. Охрид и ова лето е посакувана дестинација на која се бара врвна забава, а за која се погрижија Авалон продукција и ЛС. Тие  упатуваат апел граѓаните да имаат разбирање за бучавоста и раздвиженоста во градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Утре официјално стартува летната туристичка сезона 2108 . Со богата програма и гостување на врвни музички имиња и годинава Охрид ќе биде привлечна дестинација за одмор. Забавата почнува во 18 часот кај кружниот тек на пристаниште со концерт на Исмаил Луманоски и Лозано. Продолжува во 19 часот и 30 мин. на пристаниште на сцена на брод со настап на локални диџеи. На антички во 21:30ч. ќе се одржи концертот на Масимо Савиќ. Музичкиот спектакл ќе се следи и преку видео бим на кружниот тек на градскиот плоштад. Потоа забавата продолжува со познати Диџеи како што се Сет, Насти Делукс и ДЏ Јане, а потоа следува германскиот супер стар Томкрафт и ДЏ Реџи Рулс. Градоначалникот Јован Стојаноски апелира до граѓаните да имаат разбирање за музичките настани.

„ На она што сакам во оваа прилика да апелирам е на разбирањето кое го очекувам од граѓаните на Охрид. Особено на оние кои живеат во стар дел од градот. Станува збор за една вечер, сакаме да направиме вистински спектакл како што заслужува градот и би сакале сите да помогнат“, истакна Стојаноски.

Бобан Милошоски, менаџерот од Авалон Продукција споделува дека Ohrid Calling е единствен фестивал во Европа, кој покрај Балатон фестивалот во Унгарија, организира музички настани со премиум диџеи и светски музички имиња. Авалон како бренд постојано се обидува во изминативе 10тина години да го подига квалитетот на фетсивалот со врвни музички имиња. Милошоски исто така се приклучува кон повикот на градоначалниот упатен до граѓаните.
Изјава: Бобан Милошоски

 

„ Градот мора да сфати дека за нешто да добие нешто мора и да изгуби. Да има одредена толеранција за тие гужви што ќе се случат во деновите на гласна музика. Туристичката сезона е, Охрид не е бања. Мора сите да го дадеме најдоброто од себе за ова година градот во сите сегменти да отиде една класа погоре од она што е досега работено“, истакна Милошески.

Доколку се исполнат сите најави и ако послужат временските услови ЛС очекува ова лето 2018 долго да се памети. Во делот од креираната кампања на ЛС „ Сите во Охрид лето 2018 “ ќе бидат светски и балкански мега музички ѕвезди. Гостите и охриѓани ќе се забавуваат на музиката на Зукеро, Димитар Вегас, Армин ван Бјурен , Роџер Санчез, на концертите на Цеца, Северина, Марија Шерифовиќ, како и на домашните музички звезди Влатко Стефаноски, Каролина, Владо Јанески , Синтезис и Ѓоко Танески и многу други .