Човекот амфибија со помош на јога руши рекорди
Јане Петков, кој постави гинисов рекорд на Охридското езеро и стана познат како човекот амфибија кој плива со врзани раце и нозе со ланци и во вреќа им откри на охриѓани дел од тајните кои му помагаат при неговите подвизи. Петков открива дека практикува јога, вештини на користење на мислата и концентрацијата. Планира да отвори училиште за млади на кои ќе им го пренесе знаењето за да постигнат резулатати во спортот и да го сочуваат своето здравје.
Јане Петков, човекот амфибија, ќе плива во Охридското езеро со врзани раца и нозе во вреќа. По 2013 година, кога се запиша во Гинисовата книга на рекорди, ова е негов втор обид да постави светски рекорд, во како што вели, најубавото езеро во светот. 64 годишниот бугарин од Сандански кој на 24 јули ќе плива 3,5 км открива дека за несекојдневниот подвиг се подготвува со помош на јога. Раскажува дека со техниката на дишење ќе го надополни хемоглобинот во неговата крв кој во моментов е многу понизок од нормалните вредности кај човекот.
„ Мојот хемоглобин е низок, но јас го компензирам со енергијата прана. Ја заджувам во белите дробови и со мислите ја праќам до клетките каде што се трансформира во животна енергија“, кажува Петков.
Техниките на дишење ги практикувам секое утро и вечер, тренирам со вреќа и едвај чекам да стартувам и да го постигнам рекордот, вели Петков. Тој се навраќа на првичната идеја за ваквиот потфат и како почнал да ја применува јогата. Дишењето е голема наука која решив да ја применам во спортот. Со дишењето се користат 4 елементи меѓу кои силата на мислата , раскажува за своето искуство Петков.
„ Паднав од висина и бев тешко повреден со внатрешни крвавења. Бев отпишан од живите. Но многу читав, а знаењата ги применив на себе меѓу кои и јогата. Ефектот го добив , а подоцна го применив и во спортот каде што има резултати“, кажува Петков.
Јане Петков планира да отвори училиште за млади. Негова желба е стекнатото знаење и искуство да го пренесува на младата генерација за да постигнуваат резулатати во спортот, но и како што вели да го сочуваат здравјето.