Програмата „Креативна Европа“ достапна за сите субјекти од областа на културата
Субјектите од областа на културата може да аплицираат со проекти финансирани од фондовите на ЕУ. Издвоени се 1 и пол милјарда евра за сите европски земји кои имаат пристап до фондовите на унијата. Од министерството за култура повикуваат да се искористат средства од Програмата која ќе трае до 2020 година.
Одржана инфо сесија за промовирање на Програмата на ЕУ „ Креативна Европа“. Програмата е достапна за македонскиот културен креативен сектор за организирање на фестивали, активности од културното наследство, архитектурата, дизјанот, визуелните уметности, информира Билјана Прентоска, од Министерството за култура , раководител на канцеларијата за „ Креативна Европа“. Фокусот на проектите ќе биде ставен на подпрограмата култура и медија програми, а Прентоска кажува кој се може да аплицира до оваа програма на ЕУ.
„ Квалификувани се сите културни и креативни сектори сите организации , национални установи од облaста на културатa, приватните установи од облaстa на културатa, невладиниот сектор, општините. Сите органозации кои може да прикажат креативности од областа на културата и креативните сектори“, вели Прентоска.
Програмата „ Креативна Европа“ на ЕУ е тешка 1,5 милјарди евра и е достапна за сите европски земји. Македонија за седум години од 2008 година има искористено пари за 57 проекти од подпрограмата култура и медиа што е пристојна бројка на одобрени проекти, напоменува Прентоска.
„ Од нас зависи колку средства ќе искористиме. Европската комисија нема одреден буџет за Македонија или зеа другите земји,тоа зависи од нас, од интересот и мотивацијата колку средства ќе искристиме од програмата“, кажува Прентоска.
Од министерството за култура повикуваат да се искористат средства од Програмата која ќе трае до 2020 година. Постојат уште две можности за аплицирање на проекти на кој може да учествуваат македонските субејкти од културниот и за аудиовизуелниот сектор.