Skip to main content

Болт ќе трча против науката

Светскиот рекордер во трчање на 100 и 200 метри атлетичарот од Јамајка Хусеин Болт излезе со свои коментари во врска со последното американско истражување околу најниските граници на трчањето.

 |  Крсте Голабовски  | 
Usein Bolt
Усеин Болт
Светскиот рекордер во трчање на 100 и 200 метри атлетичарот од Јамајка Хусеин Болт излезе со свои коментари во врска со последното американско истражување околу најниските граници на трчањето.

 

Usein BoltПрофесорот од Универзитетот Стендфорд, Марк Дени, во неговото истражување дошол до заклучок дека границата на трчање на 100 метри на човекот е 9,48 секунди, а на 200, 18,63 секунди. Болт смета дека лично може 100 метри да ги истрча за 9 и пол секунди, но и оти е можно да се помине и границата до 9,4.

Болт на Олимпијадата во Пекинг патеката од 100 метри ја помина за 9,69 секунди. Таму лесно победи и на 200 метри и на четири пати по 100 метри каде освои и светски рекорди.

{loadposition content9}