Skip to main content

Расчистен манастирскиот комплекс Св Наум

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.

 |   | 

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени  површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.