Skip to main content

Кучињата скитници ги има во се поголем број низ градскиот парк, по кејот, чаршијата

Кучињата скитници ги има во се поголем број низ градскиот парк, по кејот, чаршијата. Појавата со напуштени домашни животни кои слободно се шетаат низ градот трае со децении. Граѓаните вината  ја лоцираат и кај сопствениците на домашните животни , но и кај институциите.

 |  Валентина Неловска  | 


Никако да се стави крај со појавата на кучиња скитници. Напротив, во овие летни денови кучињата ги има во се поголем број. Деновиве, се забележува глутница од напуштени кучиња кои слободно се шетаат низ градскиот парк, по кејот низ чаршијата помеѓу туристите. Кучињата скитници од различни раси и големини ги има и во детскиот парк , а се забележуваат и како пијат вода од градската фонтана. Ваквата појава трае со децении и секој ја доживува на свој начин. Кај некои луѓе предизвикува страв од каснувањ и зарази , кај други сочуство и ги хранат, а најмногу има зачудени туристи затоа што онаму од каде што доаѓаат напуштени кучиња скитници е ретка појава. ТВМ направи анкета со граѓани каде го лоцираат проблемот за ова појава.

Граѓаните вината ја лоцираат подеднакво и кај сопственците на домашните животн , но и кај институциите кои не го решаваат проблемот.

Во моментов нема институција која би повела постапка за казнување на несовесните граѓани кои ги оставиле на улица кучињата бидејќи им здосаиле или сфатиле дека домашните миленици бараат голема одговорност и ангажман за чување и нега. Други пак се ослободуваат од малите кученца исфрлајќи ги на улица, нем аи нив кој ад аги санкционира Згора на тоа Локалните самоуправи и државата се без стационар за згрижување на бездомните кучиња и нивен хуман третман.Во регоионот со децении пропаѓа обидот за системско решавање на овој проблем, а не заживеа ниту контролата и пратењето на кучињата преку чипови. Од време на време се јавуваат здруженија кои се борат за хуман третман на животните, но и тие се соочуваат со големи финансиски потешкотии при обезбедувањето на храна, лекови и сместување за напуштените кучиња.