Успешно реализирана традиционалната крводарителна акција по повод празникот Св. Климент
Успешно реализирана традиционалната крводарителна акција по повод празникот Св. Климент. Во акцијата на крводарување исе вклучуваат се повеќе млади луѓе кои стануваа дел од хуманото семејство на крводарители. Покрај голем број охриѓани крв даруваа и граѓани од внатрешноста.
На 8 и 9 август на Плаошник православните верници масовно го посетуваат храмот на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон. Традиционално на овој ден се организира крводарителна акција. И оваа година успшено е спроведена акцијата на собирање крв. Tони Симоноски од Охрид , е еден од кродарителите кој се вклучи во оваа акција на скапоцена течност која значи живот. Тој е крводарител од своето полнолетство, а досега дарувал над 40 пати крв. За денешната акција вели, дека иако на хуманизмот во ова денешно време како да се подзаборава , го радува факот што гледа се повеќе млади луѓе како несебично се вклучуваат во крводарителни акции.
„ Традиционално на овој ден дарувам крв. Ова е наш охридски ден. Доста охриѓани се хумани и кродарителните акции побудуваат благородна работа со крвдорувањата. Охриѓани учествуваат во сите крводарителни акции“, вели Симоноски.
Помеѓу младите луѓе кои се вклучуваат во хуманите акции на собирање крв е и Мила Ложанкоска, средношколка од Охрид. Таа за прв пат даруваше крв.
„Ова е прв пат да давам крв. Се чувствувам горда и исполнета ,а мотив ми е тоа што со овој чин ќе спасам нечиј живот. Тоа ме поттикнува да се приклучам во акцијата“, вели младата девојка.
Милан Ѓорѓиев од Велес е на одмор во Охрид. Тој е дарител на крв повеќе од 20 пати. На денот на Св. Климент Охридски тој не пропушта да биде дел од хуманото семејство крводарители.
„Кога сум тука во Охрид на овој ден дарувам крв. Едно 6 пати сум дарувал досега. Чувствувам потреба да се одбележи денот и да сме барем малку хумани“ напоменува Ѓорѓиев.
Задоволство од реализираната крводарителна акација покажува Тамара Танкоска, лидер на Клубот на млади 25. Тоа е клуб на волонтери од ОО ЦК кои се грижат за информирање и мотивирање на граѓаните за да се приклучат во крводарителните акции.
„ Традиционално крводарителните акции се со голем одзив и сме изненадени од бројот на млади луѓе кои за прв пат даруваат крв. Нормата за очекувани собрани крвни едници е исполнета и синоќа и денес и таа сеуште трае. Покрај тоа што има охриѓани има и крводарувања од граѓани од цела Македонија,“ нагласува Танкоска.
Во текот на синоќешната крводарителна акција се собрани 50-тина крвни единици, а денес се очекува да се исполни планираната квота од 30 крвни единици.