Skip to main content

Георгиески: Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати

 Со ребалансот на општинскиот буџет нема кратење средства во инфраструктурни и комунални зафати, изјави на прес конференција заменикот градоначалникот Константин Георгиески, како одговор на обвинувањата на политичките опоненти.  Како одговорна локална власт само ги пренаменивме ставките  за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните. Исплатени се и близу 100 милиони денари стари долгови и кредит од Светска банка, истакна Константин Георгиески заменик  градоначалник на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Нема кратење на 10 милиони денари во инфраструктурни и комунални зафати со ребалансот на општинскиот буџет, изјави на прес конференција Константин Георгиески, заменик градоначалник на општина Охрид , како одговор на обвинувањата на политиките опоненти. Како одговорна локална власт ние само ги пренаменивме ставките за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните.

„ Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата, но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата за асфалтирање улици, за 10 милиони денари се зголемени средствата за изградба или реконструкција  на потпорни ѕидови. Голем дел од средствата се  предвидоа за  реконструкција и асфалтирање  на улиците „Егејска“, „Македонски просветители“ како и за довршување на патеката која води до некогашниот хотел „Парк“, истакна Георгиески.

Многу помали се барањата  и потребите на охриѓани за нови водоводни линии, со ребалансот на буџетот ги пренаменивме средствата за фекална канализација за 4 милиони денари и за водоводни линии за 6 милиони денари. За истите не се изготвени проекти и не може да се изведат средствата од 10 милиони денари планирани за нив па се пренаменети во програмата за уредување на градежно земјиште.

„ Во програмата за уредување на градежно земјиште се додаваат 34 милиони денари од кои 12 милиони денари се за асфалтирање на тесни улички , 3 милиони денари за изградба на потпорни ѕидови. 2 милиони денари за изработка на проекти, каде исто така се предвидени 4 милиони денари остварени како заштеда по тендери од планираните средства за изработка на проекти, значи вкупно дополнителни 6 милиони денари за изработка на проекти. Па така 7 милиони денари се планирани за реконструкција на улиците „Македонија“ и „Егејска“, и кружниот тек кај Општа болница“, истакнa Георгиески.

Останатите средства ќе бидат наменети за експропријација на земјиште. Исто така и за плаќање по судски решенија. Откако е на власт актуелниот градоначалник Стојаноски исплатени се повеќе од 80 милиони денари од стари долгови плус 13 милиони денари по кредит од Светска банка, рече Георгиески.

Потенцираме, дека како одговорна локална власт, ќе пренасочуваме средства зависно од потребите на охриѓани и тоа што за нив и за град Охрид во даден момент е поважно и поприоритетно – рече Георгиески.