Skip to main content

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулата до старото училиште Св Климент. Мештаните и туристите ќе добијат современа патека по која ќе го разгледуваат стариот дел од градот. Патеката ќе има два крака во должина од 250 и 75 метри , а за изградбата ќе бидат вложени 3 милиони денари. Парите се од проектот за рамномерен регионален развој на Југозападниот плански регион.

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион.

„ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на туристичката понуда на нашиот град. Тоа е една патека која се користи долги години. По толку години ќе ја уредиме со природни материјали и со осветлување. На таков начин овој дел од Стариот град ќе изгледа поубаво и поатрактивно и за мештаните и за гостите во нашиот град“, истакна градоначалникот Јован Стојаноски.

За уредувањето на двата краци од патеката заедно со осветлувањето се наменети 3 милиони денари. Покрај овој проект на Министерството за локална самоуправа за Југозападниот плански регион има проектирано средства за финсирање на неколку проекти за  9-тe општините кои припѓаат на овој регион.

 

„ Владата на РМ одвои 50 посто од буџетот , со 4,5 милиони евра за рамномерен регионален развој ќе бидат наосчени за енергетска ефикасност, рексонтрукција на патната инфраструктура и изготвување на проектна техничка документација. Само за Југозападниот регион се одобрени 25 милиони денари“, информира Јасмина Хот од секторот за развој при Министерството за локална самоуправа.

Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за Југозападен плански регион е задоволна од одобрените средства за проекти со кои аплицирале до Министерството за локална самоуправа. Она што го побаравме е и одобрено во рамките на расположливите средсвта, подвлекува Лозаноска.

„ Има тенденција за зголемување на средствата. Ако се споредат лани и годинава и проектираниот износ за следната година има тендеција на големо зголемување. Пораст од 50 проценти воспоредба со минатата година. За следната има уште повеќе,“ појаснува Лозаноска.

Со средства од Програмите за рамномерен регионален развој во рамки на проектот за подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти, предвидени се и зафати во Детската градинка Развигорче во Охрид.