Skip to main content

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со критики за охридското здравство

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со прес конференција го критикуваше охридското здравство. Критиките се  упатени за старите и нереновирани болници, расипаните медицински апарати и вработувањето на медицински сестри во Општа болница Охрид.  

 |  Валентина Неловска  | 

Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков.

„ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот. Зошто ја уништувате надежта на медицинските кадри со високи квалитети? Ова е голем срам за охридското здравство. За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос. Кои се тие други параметри и квалитети кои што се земаат во предвид?, праша Пецаков.

Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, сведоци сме на негативна селекција, рече Пецаков.

„ Врз основа на критериумите и стандардите со кои владее СДСМ повеќе од јасно е дека списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат. Води ли некој грижа за состојбите во болницата?, праша Пецаков.

Здравјето е најважаниот сегмент за човекот. Тоа не важи за СДСМ, бидејќи целта е да се постават послушни партиски војници. Партиските бизниси на грбот на пациентите и здравствениот персонал е одлика на раководството на СДСМ. Граѓаните не се должни да страдаат, а за овој скандал мора да се сноси одговорност, порача Пецаков од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ.