Skip to main content

На Сараиште ќе биде отворен петдневен Базар на ракотворби

 На Сараиште ќе биде отворен петдневен Базар на ракотворби. Ќе излагаат локални занаетчии, изработувачи  на ракотворби.  Од вечерва па се до недела  ќе се продаваат најразлични сувенири  на иницијатива на охридскиот Завод и Музеј. Годинешниот пилот проект  се очекува во иднина на Сараиште  да ги донесе  македонските занаетчии изработувачи на ракотворби. 

 |  Валентина Неловска  | 

На осум тезги, 16 локални занаетчии на Сараиште ќе ги презентираат своите ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе бидат презентирани уникатни сувенири изработени од вредните раце на охридските занаетчии. Тие пак покажале голем интерес за учество на базарот. Овој пилот проект е на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид со поддршка на Локалната самоупрва , информира Елеонора Новакоска, директор на установата.

„ Ние имаме дозвола за поставување на повеќе тезги, но годинава ќе одиме со скратена верзија на проектот. Имаше голем интерес па на една тезга ќе излагаат по двајца занаетчии, бакрорез, дрвени производи, кожни ракотворби, од хартија, везови и други сувенири , автентични на поднебејто, изработени од нашаилоклани занаетчии“, вели Новакоска.

Проектот е во насока на афирмирање и поддршка на локалните занаетчи кои изработуваат сувенири , а чии сувенири како ракотворби се продаваат на 5 продажни места на Завод и музеј, три во градот, една во Лапидариумот кај Куќата на Робевци и во Градиште, рече директорката на охридскиот Завод и Музеј, Елеонора Новакоска.

„Како институција со локалните занаетчии изработувачи на ракотворби имавме соработка и склучивме договори за добивање на нивни производи во нашите сувенирници. Ова е еден вид завршница на нашата соработка, “ вели Новакоска..

Во иднина, овој проект ќе се развива, ќе се проширува понудата за претставување на занаетчиите изработувачи на ракотворби и од други градови,. Плановите се да продолжи и времетраењето на базарот.Годинешниот Базар на ракотворби ќе биде отворен вечерва , а ќе трае до 27ми август. На поставените тезги охриѓани, домашните и странските туристи ќе имаат можност да купуваат сувенири во текот на целиот ден.