Протест на станари против изградба на висококатници во зелениот појас
Над педесетина станари од комплекс згради на Булевар Туристичка протестираа против одобрението за градба на висококатници во зелниот појас пред нивните станови. Револтирани велат дека незаконски ќе се гради на земјиште кое во минатото им било платено на сопствениците. Кажуваат дека неколку години водат судски спорови со кој го побивале одобрението за градба, а воделе и постапки и за ништовност на решението за трансформација на земјиштето од 2003.
На Булевар Туристичка во близина на спортскиот комплекс Билјанини Извори над педесетина граѓани протестира против решението за градба на висококатници на околу 3000 метри квадратни во зелениот појас, како што велат незаконски, пред нивните прозори и тераси.
Над 300 жители од овој станбен комплекс кои повеќе од 25 години се станари во околните згради велат дека немаат имотни листови на нивно име иако трансформацијата завршила во 2003 година. Бараат од општината да го поништи решението за трансформација на земјиштето и да си го врати во нејзина сопственост бидејќи како што тврдат поранешните сопственици за тоа земјиште пред 3 децении биле обештетени од државата. Белинда Андоноска, член на Куќен совет, вели дека со години водат постапки пред судот за прогласување на ништавност на решението за трансформација на земјишетето од 2003 година и поништување на одбрението за градба со кое сегашните наследници планираат да градат висококатници.
„ Ние имаме поднесено жалба на одобрението за градба ,а со друга постапка барање за ништовност на решението за трансформација од 10.10. 2003 година со која трансформација ова земјиште е украдено од Република Македонија, а не од нас. Ова зеленило не е наше, но земјата и пристапните патеки до домовите сега сопствениците може да ја оградат парцелата и да ни го затворат пристапот до домовите“, вели Андоноска.
Според Христо Капсаров, еден од жителите во комплексот, револтирано вели дека со маркицата за градба се дозволува менување на градежната линија, а со неа се нарушува развојот на Охрид.
„ Управата за урбанизам ставија маркица и ја нарушија градежната линија.Каде го има тоа да се затвараат прозори“, прашува Капсаров.
Ламбе Јованоски, поранешен одборник во општина Охрид, појаснува дека бил член во советот кога се усвојувал тој урбанистички план. Зелениот простор на кој сега се планира изградбата на висококатница бил предвиден за паркинг простор, кој жителите никогаш не го добиле.
„ Ова место е предвидено за паркинг. Ние како одборници тогаш на сопствениците им дозволивме државни места за да направат куќи. Тие тоа право го искористија и сега го бараат ова место“, кажува Јованоски.
Андоноска рече дека одобрението за градба е обжалено пред Управен суд. Жителите својот протест го искажаа и пред општинската зграда со барање општината ,министерството за транспорт и врски и обвинителството да го вратат она што и припаѓа на држвата и да се спречи изгрдбата на висококатница.